| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционално берење бадникови гранчиња

На падините на Водно денеска ќе се берат бадникови гранчиња. На 6 јануари, на одбележувањето на Бадник, на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје гранчињата ќе им се делат бесплатно на сите верници.

Бадниковото гранче, симбол на среќата, сонцето и животот свечено ќе го пресече годинашниот кум на Бадник 2014 Методија Стефановски. Тоа ќе го стори и здравичарот Владимир Плавевски.

Предвидено е да присуствуваат стариот кум и здравичар, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници од општина Сопиште, свештени лица од МПЦ, дипломати, граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top