| четврток, 6 декември 2018 |

Косово и Албанија потпишаа спогодба за изградба на далновод

Косово и Албанија потпишаа спогодба за изградба на далновод со моќност од 400 киловолти, кој ќе им помогне да ја задоволат растечката побарувачка и да се вклучат во балканските и меѓународните мрежи.

Германија со 74,5 милиони евра ќе ја финансира изградбата на далноводот, кој е долг 241 километар. Половина од сумата е донација, а другата половина заем од германската банка Ка-Еф-Ве.

– Овој далновод ќе им помогне на операторите на двете земји да работат како единствен систем за дистрибуција и ќе биде од взаемна корист за граѓаните на двете држави, изјави косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили на вчерашната церемонија на потпишува на спогодбата во косовскиот град Призрен.

Министерот за енергетика на Албанија Дамјан Гикнури истакна дека спогодбата е доказ за соработката меѓу двете земји во оваа сфера.

Далноводот треба да биде завршен во период од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top