| четврток, 6 декември 2018 |

Три езера ќе добијат пешачки патеки

dojran22

Три езера во Македонија ќе добијат свои пешачки патеки. На денешната отворена владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека изготвени се проекти за пешачки патеки на Дојранското езеро, Беровското езеро и Мавровското езеро.

-Изготвен е проект за втората фаза за пешачка патека во должина од 2,6 километри покрај езерото во Дојран. Патеката ќе се протега од Стар Дојран кон Нов Дојран и со оваа втора фаза ќе бидат изграени вкупно 5,5 километри пешачка патека покрај Дојранското езеро, нагласи Јанакиески.

Покрај оваа патека, изготвени се проекти за пешачка патека покрај езерото во Берово, како и покрај Мавровското езеро во должина од 2,5 километри.

Јанакиески посочи дека за сите проекти се обезбедени средства од државниот буџет и изградбата на истите се очекува да започне во март-април идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top