| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо со Атлетико трет во светот (видео)

Morocco Soccer Club World Cup

 

Во борбата за третото место на светското клупско првенство тимот на Роналдињо Атлетико Минеиро го победи кинескиот тим Гвангжу со 3-2. Мечот изобилуваше со пресврти. Поведе Атлетико веднаш на почетокот во втората минута со голот на Тардели. Тимот на италијанскиот стратег Марчело Липи успеа да направи целосен пресврт. Најпрвин Мирикуи во деветата минута,а и Конка во 15 успеаа да го доведат својот тим во водство од 2-1. Во финишот од првиот дел со фантастичен гол од слободен удар Роналдињо како во своите најдобри времиња успеа да го израмни резултатот.
ВО вториот дел Атлетико не успеа да реализира неколку чисти шанси за сепак во финишот постигне гол преку Луан во судиското продолжение и да го освои третото место.
ВО финалето ќе се сретнат европскиот шампион Баерн Минхен и домаќинот тимот на Казабланка кој се игра во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top