| четврток, 6 декември 2018 |

„Мој термин“ го зголеми процентот на пацинети кои доаѓаат на закажан преглед

moj termin

По само пет дена од официјалниот старт на проектот за СМС известување на пациентите за закажаниот термин се покажаа првите резултати. Досега се испратени 13.500 пораки кои ги потсетиле пациентите за закажаниот термин.

-Пред воведувањето на овој проект процентот на пациенти кои го запазуваа закажаниот термин беше околу 65. Со воведувањето на СМС известувањето на пациентите за датумот на кој имаат закажано термин, процентот се зголеми на 87% на пациенти кои доаѓаат на закажаните прегледи, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на денешната отворена владина седница.

Тој нагласи дека видливи се позитивните ефекти од овој проект со кој Министерството ќе продолжи и понатаму.

Тодоров додаде дека на овој начин им се дава можност на граѓаните кои нема да можат да стигнат да закажаниот термин од било кои причини, истиот да го откажат со цел да се ослободи место за следен пациент и да се скрати времето на чекање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top