| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици роднини на егзекутираниот тетин на Ким Џонг-Ун се уапсени

Kim Jong-un

Неколку стотици роднини на егзекутираниот тетин на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун се уапсени или пратени во работни кампови, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.
Во Северна Кореја често пати се случува роднините на лице, кое е прогласено за виновно и казнето да бидат испраќани во работни кампови.
Уапсени се не само блиски роднини на Џанг Сонг-Тек, туку и подалечни, на пример роднини на неговиот татко. Апсењата се спроведени неколку часа по егзекуцијата на тетинот на севернокорејскиот лидер. Џанг Сонг-Тек беше егзекутиран овој месец по брза постапка, под обвинение за контрареволуционерна и антипартиска дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top