| четврток, 6 декември 2018 |

Бремените, старите над 60 години и астматичарите до вторник да не одат на работа

vozduh-skopje-zagadeno

Мерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното за бремените жени и лицата над 60 години, продолжуваат до вторник. Покрај овие категории граѓани на денешната отвoрена Владина седница усвоено е од работни обврски да бидат ослободени и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. Ваквата одлука е на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, кој посочи дека според податоците од УХМР до вторник не се очекува промена на времето, ниту драстична промена во квалитетот на воздухот.

– Подготвивме брошури кои се делат низ Скопје, Тетово, Битола и Кичево да ги информиораме граѓаните за штетните влијанија доколку користат неквалитетно, дрво и гориво. Препорачавме до овие општини да направат анализа или анкета за видот на користење на гориво за затоплување по примерот на Градот Скопје, како и да се избегнува органзиирање на спортски натрпевари и дргуи културни манифестации на отворено до вторник, изјави Адеми. Тој информира дека дале задолженија до Министерството за економија да ја разгледа можноста да субвенционира од програма за енергетска ефикасност за граѓаните, при замена на стари печки со нови. Градот Скопје да ја разгледа можноста да субвенционира за чистење на оџаците кај граѓаните, а потоа да ја информира Владата.

– Идејата е Градот Скопје да субвенционира половина од трошоците, а Министерството за здравство да продолжи со патронажна служба кај старите лица, бидејќи апелот е тие да не излегувцаат до своите домови, додаде Адеми. Владата, како што најави Адеми, во вторник повторно ќе се состане да види дали треба мерките да бидат продолжени. Тој изрази надеж дека до тогаш ќе има подобрување на квалитетот на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top