
Настапот на Прљаво Казалиште во Скопје за новогодипната ноќ ќе лини 30 000 евра – пишуваат хрватските медиуми. Тие ќе пејат на Сквер Јадран, на само 50 метри од централната прослава која со години традиционално се организира на градскиот плоштад во Скопје. Општина Центар одлучи да направи паралелна новогодипна прослава, а колку ќе чини прославата која ќе трае четири дена, сѐ уште не е обелоденето. Се шпекулира дека се работи за сума од стотина илјади евра.
Иако градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски се пожали дека нема пари за реконструкција на училишта и градинки и дека општинската каса е празна, Општината се одлучи да направи новогодишна прослави во непосредна близина на забавата која традиционално 15 години се оддржува на Плоштадот Македонија.
Граѓаните коментираат дека за Нова Година ќе се случува хаос поради прославата органзирана од Општина Центар, бидејќи на растојание од само 50 метри ќе бидат поставени 2 бини и паралелно ќе се случуваат два концерти. Велат подобро би било градоначалникот Андреј Жерновски да се договори со Град Скопје и заеднички да учествува во традиционалната прослава или пак да го направи настанот во некој друг дел на општина Центар кај што досега не била органзирана ваква прослава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.