| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот сега не е приоритет на Германија

bodo veber_1371651065_670x0
Балканот во моментов не е меѓу приоритетите на новиот германски министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, но тоа сигурно ќе се промени, смета експертот на берлинскиот Центар за политики на демократизација, Бодо Вебер.

– Балканот и Босна и Херцеговина треба да причекаат. Деновиве во Брисел видовме дека во Европската унија и нема многу нови идеи за тоа што треба да се направи за БиХ, вели Вебер во интервју за сараевскиот весник „Дневни аваз“.

 Според Бодо, во меѓународната заедница созрева мислењето дека досегашниот пристап кон БиХ нема резултати и дека се потребни нови идеи.
Бодо смета дека во следниот период Штајнмајер сепак би можел да иницира некоја нова германска иницијатива за регионот, какви што и во минатото доаѓаа од Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top