| четврток, 6 декември 2018 |

Белград ќе банкротира?!

Beograd

Белград се соочува со опасност од банкрот, како последица на тоа што „дупката“ во градскиот буџет со години била пополнувана со нови задожувања. Според претседателот на белградскиот Привремен градски совет, Синиша Мали досега била применувана филозофијата: не е важно колкави се приходите, бидејќи колкави и да се трошоците, ќе ги покриеме со земање кредити.

Во 2013 година во градската каса биле собран приход од 64 милијарди динари (558 милиони евра), што е за 13 милијарди (113 милиони евра) помалку од планираното на почетокот на годината.

– Доколку не биде запрена ваквата негатива спирала, Белград би можел да се најде во состојба повеќе никој да не сака да му позајмува пари или ќе биде толку задолжен што повеќе нема да може да ги плаќа ратите на кредитие, смета Мали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top