
Ракометниот Клуб Металург за денеска со почеток во 12.30 часот организира дружење со своите верни навивачи, при што фановите на овој македонски спортски гигант ќе имаат можност за дружба со членовите на актуелниот македонски вицешампион. Воедно, ракометарите на Металург ќе го потпишат секој календар и честитка за своите фанови, а ќе биде извршена и промоција на „Виното на Металург“, како и најновиот календар за 2014 година.
Дружбата на членовите на РК Металург со своите многубројни фанови е закажана пред хипермаркетот Керфур во „Сити мол“, во периодот од 12.30 до 13.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


