Џери Наумоф, Македонец роден во Колмбус Охајо, дипломирал маркетинг и бизнис администрација, по 30 години искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик, во 1993 основа своја консултантска компанија за менаџирање ризик „Наумоф Груп доо“. Живее во Чикаго со својата сопруга, со која имаат шест деца, а двајца од нивните синови работат и студираат во Македонија.
Крис Павловски од Канада е вториот нов член на Одборот на директори на Македонија 2025. Има богато корпоративно искуство, работеќи за Мајкрософт, Ворнер Брос, Универзал, Парамаунт, Виргин Мобајл, …Тој е еден од основачите на Jokeroo и главен извршен директор на ЈМГ, компанија за онлајн дистрибуција на забавни и содржини. Истовремено тој е и маркетинг директор на Next Giant Leap, компанија за вселенски истражувања. Во Македонија со својот партнер Рајан Милнс основан софтверската компанија Космик Девелопмент во која работат над 50 млади луѓе. Павловски со сопругата живее и работи во Торонто, Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции
-
Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри