Врховниот суд на Канада денеска ги прогласи за неважечки законите против проституција, вклучително и закон против поседување на јавна куќа. Судот ги поништи сите три закони кои се однесуваат на проституцијата – закон против поседување јавна куќа, издржување врз основа на приходи од проституција и запирање (мажи) на улица. Таа значајна одлука донесена е по повеќе од две децении откако Врховниот суд последен пат ги потврди законите против проституцијата.
Апелацискиот суд во Онтарио претходно, поништи забрана за поседување јавни куќи врз основа на аргументи дека со таа забрана жените биле излеожени на уште поголема опасност.
Федералната влада во меѓувреме поднесе жалба на одлуката со која законите за проституција се менуваат или прогласуваат за неважечки додека група проститутки кои првично го ставија целиот случај во суд, поднесоа жалба на забраната за запирање мажи на улица.
Денешната едноглана одлука на Судот е „победа“ на проститутките кои бараат побезбедни услови за работа откако е утврдено дека законите против проституција ги кршат гаранциите за живот, слобода и безбедност на лице, јавуваат канадски медиуми.
Таа судска одлука исто така му дава на парламентот рок од една година да одговори на новите закони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


