| четврток, 6 декември 2018 |

Нова „Фабрика за деца“ во Нигерија

pregnantНигериската полиција соопшти дека извршила упад во куќа во која се наоѓале 19 трудници, кои требало да ги продадат своите новороденчиња во рамките на најновата акција за откривање „фабрики за бебиња“.

Сопственикот на станбениот простор, за кого постои сомнеж дека бил посредник во трговијата со деца, се наоѓа во бегство, изјави Џефри Огбон, портпарол на полицијата во југоисточната нигериска држава Абија.

– Полицијата уапси 19 идни мајки во различни стадиуми од бременоста, изјави Огбон.

Југоисточна Нигерија се соочува со епидемија на трговија со луѓе, а годинава се откриени неколку куќи кои служеле како породилни центри на црниот пазар.

Претходно нигериската полиција соопшти дека извршила упад во куќа и ослободила група трудни девојки и млади жени кои наводно биле принудени да раѓаат деца со цел за нивна продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top