| четврток, 6 декември 2018 |

Над 30 повредени, автобус се заби во дрво (Видео)

Триесетина лица се посериозно повредени, од кои две се наоѓаат во критична сoстојба, откако двоспратен автобус на градскиот сообраќај во Лондон, удри во стебло

Инцидентот се случи денеска, околу пладне по локално време,во лондонската населба Кенингтон.

Двајца патници извесно време останаа заглавени во здробениот горен спрат од автобусот, но со интервенција на спасувачките екипи, тие беа ослободени.

Претставник на автобуската компанија „Транспорт фор Лондон“ изрази жалење за инцидентот, како и надеж во брзото опоравување на сите повредени патници и на возачот.Bus crash

Тој објасни дека до несреќата дошло кога возачот на автобусот, настојувајќи да одбегне директен судир со едно друго возило, скршнал од трасата по која се движел и силно удрил во дрво на тротоарот во улицата „Кенингтон Роуд“.

Полицијата најави истрага за оваа сообрачајна несреќа, а инцидентот ќе го испитува и автобуската компанија.

Претставник на службата за итна медицинска помош изјави дека вкупно 23 патници кои побарале лекарска интервенција, имале мали повреди и тие веднаш по интервенцијата на самото место на несреќата се пуштени дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top