| четврток, 6 декември 2018 |

Турска донација за Уставниот суд

ustaven sudУставниот суд на Република Македонија денеска доби донација во компјутери и технички средства од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева истакна дека донацијата ќе придонесе Уставниот суд да го зголеми квалитетот во извршувањето на задачите и изрази надеж оти соработката ќе продолжи и во наредниот период.

Теоман Тирјаки, кооридантор на ТИКА, посочи дека преку канцеларијата во Македонија веќе 8 години успешно се спроведуваат проекти од повеќе области.

– Функцијата на ТИКА е споделување на искуствата на Турција со другите држави преку партнерскасоработка – рече Тирјаки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top