| четврток, 6 декември 2018 |

Собрание на Македонски телеком

telekom_1Собранието на Македонски Телеком на состанокот одржан во петок го избра Жарко Луковски за неизвршен член на Одборот на директори со мандат од 1.1.2014.

На истиот состанок, Собранието ги реизбра Оливер Костуранов и Назим Буши како неизвршни членови на Одборот на директори и Александар Стојков како независен неизвршен член на Одборот на директори.
Точката од предложениот Дневен ред за прифаќање и потврдување на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком и точката за усвојување на новиот Статут на Македонски Телеком се повлекоа од дневниот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top