Фондацијата на Лионел Меси си ја извршила ветената обврска кон УНИЦЕФ, вредна 300 илјади долари, како отштета за дел од одложените натпревари на турнејата низ Јужна Америка на „Меси и пријателите“. Оттаму паднаа во вода обвинувањата на неколку невладини организации кои се пожалија дека Меси не си ги извршил обврските. Тие немале договор со играчот на Барселона да учествуваат во промотивната кампања за пријателските натпревари во Јужна Америка.
Од турнејата Меси има само главоболки и штета. Мечот во Меделин, Колумбија, не се одигра, па потоа имаше обвинувања дека Фондацијата на Меси ги измамила луѓето што купиле билети, па неколку маркетинг-агенции се пожалија дека не им се платени пари за извршените услуги, а на крајот се отиде дотаму што Меси и неговиот татко беа обвинети дека переле пари од дрога на колумбиските наркокартели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


