| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската убавица во спотот на Андреј и Дон (ВИДЕО)

Како што веќе беше најавено, видеоспотот што бизнисменот Дон и Андреј од ДНК го снимија низ европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција денеска е пуштен во медиумскиот простор. Интересната видеорепортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.

–       Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската опера, Ајфелвоата кула, миланското Дуомо и плоштадот „Св. Марко“ во Венеција, кои ги посетивме со Андреј и екипата на „2С продукција“, која го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата, туку во духовните вредности како љубовта и среќата – изјавува Дон.

Комплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ја направи музиката, аранжманот и  продукцијата на песната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top