| четврток, 6 декември 2018 |

Српската пејачка како Лејди Гага (ФОТО)

karleusa

Хуманитарниот концерт на Горан Бреговиќ во Сараево ги собра сите големи ѕвезди од регионот, освен македонските. Сепак, во парадата на пејачки неколку повторно се обидоа да се издвојат со својот избор на облека.

Северина облече таписерија, Јелена Розга, пак, прекратко фустанче со длабоко деколте. Најпечатлива сепак беше Јелена Карлеуша. Српската пејачка како вљубеник на ексцентричното се појави со кристална маска која ѝ го покриваше целото лице.

Такви маски веќе промовираа Лејди Гага и Кање Вест.

Карлеуша, во обид да го зачува имиџот на контроверзна и провокативна ѕвезда, повторно ги имитираше светските шоумени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top