| четврток, 6 декември 2018 |

Адел доби орден од принцот Чарлс

Британската пејачка Адел прими Орден на британското царство за нејзиниот придонес во музиката, а орденот ѝ го врачи принцот Чарлс.

Адел ја стекна светската популарност со првиот албум „19“, а со вториот „21“ постигна неверојатен успех и кај критиката и кај публиката. Таа стана првата жена што истовремено имала две песни и два албума во британските топ 5.

На почетокот на годинава ја доби и наградата Оскар за најдобра песна за филмот „Скајфол“. Оваа година освои и рекордни шест награди „Греми“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top