По повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов со Орден за воени заслуги ги одликува Командата за обука и доктрини, Баталјонот за почести и Четвртиот механизиран пешадиски батајлон на Армијата на Република Македонија.
Орденот за воени заслуги се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни рамки.
Свеченоста е во рамки на програмата за одбележување на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, а се одржа на Воениот стадион – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани