Вооружен крадец со пиштол заработи многу повеќе отколку што се надеваше кога влезе во автобус во Сиетл. Безбедносната камера снимила како 19-годишниот Тревор Браун влегува во автобус со пиштол в раката, го вперува в лице на луѓе и набрзина им ги зема телефоните.
Но, кога истото се обиде да го стори на друг патник, налета на отпор. Човекот му ја заврти раката, па тргна во напад против крадецот, а му се придружија уште неколкумина патници.
Иако ова не е најпаметниот чекор во вакви ситуации, коментираат американските медиуми, овој патник е новиот херој во Сиетл. Се гледа дека откако го совладуваат крадецот, успеваат да го заврзат и потоа го предале на полицијата.
Крадецот, според сите обвиненија, може да заработи 15 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)