Одговорниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас, преку адвокатската канцеларија “Бегова” поднесува серија тужби против Саше Ивановски Политико од „Мактел“ и Ацо Кабранов од „Либертас“, пренесува утрешен „Вечер“.
Причина за тужбите се серија текстови објавени на нивните сајтови во кои се содржани клевети и навреди како и аудио и видеомонтажи кои се предмет на потешки кривични дела од навреда и клевета, а се објавени во последните неколку месеци, се наведува во весникот.
– Маргиналци како Саше и слични ме доживуваат и користат како билборд на кој треба да се закачат за да бидат видени. Но, за нивна жал тој билборд е преголем за нивните мали слики, па завршуваат по правило со потсмев од едната и самобендисаност што биле спомнати во контекст на Латас од друга страна. Саше и Либертас освен текстови објавија и монтажи кои се сериозна закана за јавното информирање, не само кон мене туку кон сите граѓани, а особено кон јавни личности. Ако им се дозволи ваквиот манир, утре секој човек може да биде жртва на нивните монтирани телефонски разговори, измислени анонимни извори и слично, и тоа битно да влијае врз работата, професионалниот и личен живот на луѓето – изјави Драган Павловиќ – Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.