| четврток, 6 декември 2018 |

Коби Брајант го скрши коленото

kobi brajant

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант скрши коска во левото колено и се очекува да пропушти шест недели игра, соопштија денес од НБА тимот.

Брајант одигра шест натпревари оваа сезона откако се врати на терен по повредата на левата тетива. Тој го повреди коленото за време натпреварот во вторникот против Мемфис Гризлис, но пред новинарите изјави дека нема ништо страшно.

Неодамна, најдобриот кошаркар во светот го продолжи договорот со „езерџиите“ кој истекуваше на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top