| четврток, 6 декември 2018 |

По повеќе од 50 години – нови автомобили во Куба

За првпат по револуцијата во 1959 година Кубанците веќе не ќе мора да бараат владина дозвола за да купат нов или половен автомобил од државата. Според кубанските медиуми, тоа е уште еден чекор кон поголеми економски слободи на островската држава.

Со реформите усвоени пред две години, Кубанците можат да купуваат и продаваат половни возила еден од друг, но за купување нов или половен автомобил од државни продавачи, граѓаните досега мораа да бараат дозвола од Владата.

Според кубанскиот весник „Грамна“, Советот на министри усвои денеска нови прописи со кои се укинува постоечкиот механизам за издавање дозволи за купување моторни возила од државата. Медиумот наведува дека тоа ќе овозможи слободно купување нови и половни возила, мопеди, комбиња, мали камиони и мини-автобуси.

Кубанската држава и понатаму задржува монопол за малопродажба на автомобили. До пред септември 2011 година Кубанците можеа да продаваат и купуваат само автомобили произведени пред револуцијата 1959 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top