Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) во сабота ќе го стави на дневен ред барањето на Ракометната федерација на Македонија да се овозможи настап во македонскиот дрес на Словенецот со македонски пасош Ренато Вугринец.
Ракометарот на Металург треба да игра на ЕП во Данска од 12 јануари, но првичното барање од РФМ беше одбиено од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), по што беше поднесена жалба до ИХФ. Според неофицијалните информации, голема е шансата на Вугринец да му биде дозволено да настапува за македонската репрезентација.
Помошта од Вугринец на македонските ракометари најмногу им е потребна во првата фаза на натпреварите, бидејќи вториот натурализиран ракометар, Немања Прибак, правото да настапува за Македонија ќе го има дури ако се пласираме во втората фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


