| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир: Сакам да го вратам ВБЦ појасот во семејството Кличко

Виталиј Кличко пред неколку дена ја кажа конечната одлука за завршување на неговата боксерска кариера и одлучи да се концентрира на политиката и големите протести кои веќе долго време траат во неговата родна Украина. Во моментот, тој е од најпопуларните опозициски политичари таму.

Неговиот брат Владимир, пак, не само што останува во рингот, туку и сака да ја освои истата титула како постариот брат, онаа на ВБЦ за светски шампион.

– Мојата желба е да се врати ВБЦ појасот во семејството Кличко – изјави Владимир за германските медиум „Билд“.

Со ова Владимир би ја комплетирал својата огромна колекција на титули, а тоа последен пат му успеа на Ленокс Луис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top