| четврток, 6 декември 2018 |

Густа магла и видливост од само 20-50 метри во Скопскo и Кумановско

Видливоста во Кумановско и Скопско е намалена на 20-50 метри поради густата магла која попладнево повторно се спушти во овој регион. Поради ниските температури, пак, можна е и голомразица, предупреди ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива тековно, по суви коловози.

На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top