| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата повторно го затвори аеродромот во Скопје

Иако денес на пладне аеродромот „Александар Велики“ беше отворен за полетување кон Диселдорф и Истанбул, поради маглата тој повторно е затворен.

Откажани се сите летови до Љубљана, Белград, Истанбул и Цирих, додека пак летот за Малме кој беше закажан за 17:40 часот е одложен.

Откажани се и слетувањата, па авионите со крајна дестинација Скопје беа пренасочени на аеродромите во Охрид, Белград и  Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top