| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар во хуманитарна акција (видео)

Ракометарите од екипата на Вардар денеска го посетија Центарот за рехабилитација на деца и на младинци во Топанско Поле и им поделија на децата новогодишни пакетчиња, со што со сигурност им ги разубавија новогодишните празници.

– Новогодишните пакетчиња се нешто што најмногу ги весели децата, па ние се решивме на еден ваков гест. Се надевам дека го разбудивме новогодишниот дух во нив и дека ги развеселивме нивните срца – изјави Филип Лазаров.

Целото видео погледнете го на „Република ТВ“.

vardar paketcinja (Custom)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top