Бордот на директори на Омонија по состанокот во средата му врачи отказ на тренерот Тони Савевски. По лошите резултати во овогодишното првенство и последниот пораз од градскиот ривал и директен конкурент за титулата Апоел од 2-0, челниците на клубот одлучија да му се заблагодарат на Савевски.
По 13 кола во кипарскиот шампионат, Омонија се наоѓа на шестото место со 24 бода. Поразот од Апоел е трет со директните конкуренти за врвот на табелата. Претходно тимот од Никозија ги загуби и натпреварите против Анортозис и Аполон.
50-годишниот го водеше тимот 16 месеци од минатиот септември. Тој имаше уште еден обид на клупата на овој клуб во периодот од 2002 до 2004 година.
Савевски беше кандидат и за селекторското место во македонскиот национален тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“