Драмата „Камен“ претставува емотивно сеќавање, која го следи животот на едно семејство од Дрезден во различни историски времиња (1935, 1945, 1953, 1978, 1993) и говори за семејниот мит, за криењето на вистината за злосторството на нацизмот.
Претставата се занимава со проблемот на губењето на идентитетот, односно градењето идентитет со лажно минато. Дали можеме да изградиме иднина без вистината за сопствената историја? Потребата од што е можно поскоро соочување со вистината е доказ дека без вистината не е возможен идентитет.
Во претставата, градењето на идентитетот почнува со неговото ослободување, до кое се доаѓа преку разрешување на семејниот мит. Лагата за семејниот мит, пренесуван од генерација во генерација, не настанала од потребата за фалсификување на историјата, туку како потреба за снаоѓање на „малиот човек во големите времиња“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.