| четврток, 6 декември 2018 |

Човек се самозапалил на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан

Еден 51-годишен Италијанец се запалил на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по што итно е префрлен во болницата „Санто Спирито“, изјавил портпаролот на Ватикан.

Италијанската новинска агенција АНСА објавила дека камерите за надзор снимиле  како мажот се полеал со бензин и со запалка ја пали својата облека.

Портпаролот на Ватикан не го соопшти идентитетот на мажот, како ни причината за неговото самозапалување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top