| четврток, 6 декември 2018 |

Дома сокрил арсенал оружје и крадел струја

oruzje svr ohrid

фото: СВР Охрид

Три пиштоли и една полуавтоматска пушка, како и повеќе парчиња куршуми се пронајдени при претрес извршен вчера во домот на А.Ж. (36) од струшкото село Делогожда, информира СВР-Охрид.

При претресот, извршен по претходна наредба од Основниот суд во Струга, полициските службеници од полициската станица во Струга пронајдоа 42 парчиња муниција за полуавтоматско оружје калибар 9 мм   15 куршуми пиштолска муниција од различен калибар.

Оружјето што А.Ж. нелегално го поседувал е одземено и ќе биде предадено на вештачење. При претресот, дополнително пронајдени се едно патничко моторно возило марка „мицубиши“ со скопски регистарски таблици, но без соодветна документација за сопственост, како и две моторни пили за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршено кривично дело.

Поради постоење основи на сомнение дека А.Ж. врши и кражба на електрична енергија, повикани се службите на ЕВН, кои при претресот извршиле увид и составиле записник за кражба на електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top