| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија мораше да и помогне на братската Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска на големата годишна конференција за новинари во Москва изјавил дека Русија морала да и понуди пакет со финансиска помош на Украина затоа што таа соседна „братска“ земја поминува низ економска и политичка криза.

– Ако за Украинците велиме дека ни се братски народ, а Украина братска земја, тогаш мораме спрема нив да се понашаме како со најблиски роднини и да му помогнеме на украинскиот народ во овие тешки времиња – истакнал Путин.

Тој додал дека Москва нема ништо против тоа Украина да ја потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ, но потенцирал дека Русија мора да го заштити сопствениот економски пазар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top