| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 1.000 убиени, етнички злосторства во ЦАР (фото)

Central African RepublicМнозинство муслимански поранешни бунтовници во Централноафриканска Република убиле речиси 1.000 лица во престолнината Банги, соопшти „Амнести интернешнал“.  Нападот бил организиран како одмазда поради претходен напад на христијанската полиција. Овој биланс е значително поголем од претходните процени на ОН, според кои биле убиени 450 луѓе во Банги и уште 150 лица на други места.

Дводневното насилство на борците на поранешната бунтовничка група Селека следува откако христијанската полиција во поодделни делови на престолнината убиле околу 60 муслимани, се наведува во соопштението.

Населението од околните села надоаѓа во главниот град бегајќи пред одмазничките напади.APTOPIX Central African Republic

Извештајот на меѓународната хуманитарна организација ќе биде подложен на двонеделно истражување во Централноафриканска Република каде што владее хаос од март, кога Селека ја презеде власта и ја симна претходната влада.

APTOPIX Central African Republic– Информациите несомнено покажуваат дека сите страни во конфликтот извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото- рекол експертот од Амнести за централна Африка, Кристијан Мукос.

Франција, по крвопролевањата во оваа земја, испрати 1.600 војници за да ги засили тамошните трупи и да се обиде да воспостави мир.

Central African Republic

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top