Лаза Ристовски и Петар Арсовски се двајцата македонски актери кои што се меѓу главните улоги во српскиот историски телевизиски проект „Равна Гора“.
Проектот кој што го продуцира Српската Национална Радио Телевизија предизвика сериозна дебата во јавноста кај северниот сосед поради начинот на кој го третира распадот на Кралството СХС во 1941 и четничкото движење.

Еден од најголемите балкански телевизиски проекти во последниве години ја раскажува приказната за фашистичката окупација на кралска Југославија и поделбата на српскиот народ меѓу четниците на Дража Михајловиќ, кој во серијата е претставен позитивно, и партизаните.
Лаза Ристовски во серијата го глуми генералот Мирковиќ а Петар Арсовски го глуми генералот Симовиќ кој што извесен период е претседател на Српската влада.
Ристовски е по потекло од Мариово од каде што неговиот татко се преселил во Србија каде што е тој роден а Петар Арсовски е актер во Македонскиот народен театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


