
Селекторот на македонската ракометна репрезентација кој ќе не предводи на престојното европско првенство во Данска, Ивица Обрван, за Нова Македонија вели дека на натпреварот Вардар – Металург се случило токму од тоа што најмногу се плашел- повреда на еден од клучните играчи во репрезентацијата.
– Овој проклет натпревар помеѓу Вардар и Металург се обидувавме, јас како селектор и Ракометната федерација на Македонија, да го одложиме по ЕП, но ете, за жал, не успеавме. Ни се оствари најцрното сценарио, кое најмалку го посакувавме. Сите во РФМ сме во шок по тежината на повредата на Наумче Мојсовски и неговото отсуство од ЕП, бидејќи тој е голем лидер и мотиватор на теренот. Ново име нема да повикам од поширокиот список, а ќе се обидам од она што остана на оваа позиција да го извлечам максимумот – изјави селекторот Ивица Обрван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


