Драги скопјани и скопјанки, драги сограѓани,
Пробајте деновиве да не одите на работа со автомобили.
Тие што работното место им е во близина, пешачете, на тие што не ви е ладно возете велосипед, а останатите качете се во јавните автобуси, нема ништо лошо, а ни срамно во тоа. Не сте помалку вредна личност ако немате или не користите кола секој ден, за секаква дестинација, за потребна или непотребна ситуација. Напротив, треба да размислиме за последиците од неконтролираната и непромислена употреба на автомобили, секој ден, секој час, секоја минута….
Ајде да се освестиме бре луѓе – не оди веќе вака. Зарем сите станавте робови на вашите автомобили, зарем автомобилот ја одредува вредноста на човекот? Зошто сакаме да ни е толку потребен… која е поентата? Зарем не може секој од нас да пешачи два, три километри, зарем ова претставува проблем, посебно за нас младите?
Крајно време е да ни проработи индивидуалната свест и да почнеме да се однесуваме поодржливо, попаметно…. па и впрочем не го правиме ова само за нас, го правиме и за нашите најмлади сограѓани – децата! Зарем тие треба да плаќаат со нивното здравје заради нашата лежерност и комплетна несвесност????
Дали?
Заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација, ајде да ни проработи свеста, ајде малку да излеземе од т.н. зона на лажен комфор – односно автомобилите.
Со ваквиот пристап нема комплетно да го решиме проблемот, но дефинитивно ќе придонесеме кон намалувањето на аерозагадувањето во нашиот град, нашиот дом. Едноставно е, а сепак не го правиме ова…зошто? Зраем сме слепи…зарем сме прости? Не би рекол….треба малку да си ги активираме нашите глави и да размислиме сериозно, бидјеќи еден ден ова ќе ни се врати како бумеранг!
Се надеваме дека се грижите и за вашето, но и за здравјето на вашето деца. Да го направиме ова за нив, за најмладите!
Поздрав и имајте убав ,,сив“ ден, со надеж за светло и сино утро!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.