
Атрактивната Швеѓанка Синди Левачиќ веќе еднаш соработваше со Роберт Билбилов за песната „Студено“ (Look at me). Младата пејачка за нејзината втора песна „Месечар“ повторно му верува на македонскиот композитор. Песната е во прогресив хаус ритам, а текстот го напиша Ксенија Николова.
– Пресреќна сум што мојата нова песна ја пеам на македонски јазик. Веќе неколку месеци сум тука и навистина се чувстувам како да сум дома. Сакам да внесувам позитивна енергија во срцата на слушателите, па затоа со Роберт направивме песна која едноставно го крева расположението – вели Синди.
Дваесетгодишната Швеѓанка, која за себе има изјавено дека сака да урива традиционални кодекси, е музички образована и своето школување планира да го продолжи на некоја од светските музички академии.
Во моментов Синди работи на идејно решение за видеоспот за „Месечар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


