Холивудската глумица Анџелина Џоли се срушила за време на снимањето на нејзиниот филм „Unbroken“ во Австралија. Екипата што работи со неа се стрчале да ѝ помогнат, но таа брзо се вратила при свест.
– Анџелина максимално се труди, а тоа влијае врз нејзиното здравје. Половина ден го минува на сет, а потоа се грижи за децата. Има само 42 килограми и поради малата телесна тежина, може да добие висок притисок кој, пак, предизвикува срцев удар – открива извор близок до продукцијата која работи на филмот.
Таа не сакала Бред Пит да дознае дека ѝ се слошило, па поради тоа не отишла ни во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


