
Зоран Даневски (50), бизнисмен, доби нова кривична пријава за криминал поврзан со а.д. „Џумајлија“. Контроверзниот бизнисмен сѐ уште не е екстрадиран од Бугарија во Македонија.
Полицијата во неговиот роден град Свети Николе го осомничи за несовесно работење во случај со набавка на возила од 2005 година. Даневски тогаш, според полицијата, склучил договори за лизинг со друштвото „НЛБ Лизинг“ за купување четири моторни возила. Откако во 2011 година останале уште осум месечни рати за исплата на 855.600 денари, Даневски иако знаел дека сметките на „Џумајлија“ не се блокирани, не извршил уплата на парите по што возилата биле вратени на „НЛБ Лизинг“.
Даневски го направил следниот чекор преку неговата фирма „Зоки 28“ ДООЕЛ Свети Николе преку која се дало позајмица од 1,2 милион денари на вработен во а.д. „Џумајлија“ да ги купи вратените возила. Тој ги откупил, а потоа ги продал на трети лица. Добиените 600.000 денари ги вратил на ДООЕЛ „Зоки 28“, додека останатите ги дал на Даневски.
Даневски лани во февруари беше фатен од бугарската полиција со лажни документи кај Банско. Поради тоа, подоцна во Бугарија беше осуден на условна казна затвор од 15 месеци, која веќе е истечена, но Бугарија сѐ уште не го екстрадира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој се пријави, се пријави: Исцрпени средствата за субвенционирање на печки на пелети
-
Кривична пријава за двајца битолчани кои ширеле говор на омраза на Мечкин Камен
-
Заев доби кривична пријава за загрозување на уставниот поредок
-
Кривична пријава за струмичанец кој се самозадоволувал пред рекреативки на трим патека


