Во светот во текот на 2013 година беа убиени 71 новинар, што е малку помала бројка на жртви во однос на минатата година, но, од друга страна, во пораст се киднапирањата на припадници на седмата сила, соопшти денеска медиумската невладина организација „Репортери без граници“.
– Сирија, Сомалија и Пакистан ги заддржаа своите позиции меѓу петте „најсмртоносни“ земји за медиумските работници во светот – наведуваат од „Репортери без граници“. На овие три земји годинава им се приклучија и Индија и Филипини, кои во топ пет листата ги заменија Мексико и Бразил, иако бројот на убиени новинари во Бразил (пет) е ист како и лани.
Во споредба со минатата година, кога беа убиени 88 новинари, во 2013 година бројот на жртвите е помал за 20 проценти.
– Повеќе од 178 новинари во моментов се наоѓаат во затворите низ светот, пред сѐ во Кина, Турција, Сирија, Иран, Еритреја – наведуваат од „Репортери без граници“.
Со свој изваштај за жртвите меѓу новинарите годинава синоќа излезе и Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк соопштувајќи дека во 2013 година во светот загинале 52 новинари, додека 30 се водат како исчезнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


