| четврток, 6 декември 2018 |

Ја фотографирала борбата со ракот на родителите (фотогалерија)

131217130.5_mn
Ненси Боровик (28) една година ги фотографирала своите родители кои се бореле со опасната болест. Нејзината мајка Лорел боледувала од рак на дојка, а на нејзиниот татко Хавард му бил дијагностициран рак на панкреас.
131217130.2_mn
Својот проект Боровик го нарекла „Фамилијата рак“. Во него има колаж од црно-бели фотографии на Лорел и Хавард. На фотографиите се прикажани моменти на љубов, борба, бодрење, лечење и болка.
131217130.3_mn

Нивната ќерка Ненси сакала да ја покаже нивната сила од моментот кога двајцата дознале дека боледуваат од рак до 7 декември, кога починал нејзиниот татко.

131217130.4_mn

– Тој ги надмина сите прогнози. Живееше подолго отколку што другите очекуваа. Докторите имаа други прогнози – изјави Боровик.

Таа истакна дека ја сфатила вредноста на животот откако таа година ја минала со своите родители.

131217130.6_mn

– Живееја најдобро што можеа и уживаа во заедничките моменти – изјави Боровик која додаде дека целта на овој проект е да им пружи утеха и сила на сите оние кои се заболени од рак.

131217130.7_mn

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top