
„Епл“ креираше нова реклама во пресрет на божикните и на новогодишните празници, која нема да ве остави рамнодушни кога ќе ја гледате. Во спотот, кој трае 90 секунди, се покажуваат можностите на новиот „ајфон“. Најдобрите празнични реклами секогаш ставаат акцент на едноставност, носталгија и на силна семејна поврзаност. Во рекламата приказната се врти околу еден тинејџер, кој за празниците е на гости кај баба му и дедо му.
Додека траат подготовките за Божик, се кити елката, тој постојано се себе го носи својот телефон и гледа во него. Тогаш кога ќе помислите дека е зависник од својот „ајфон“, утрото на Божик, тој на своето семејство му го пушта филмот што го снимил со својот мобилен телефон. Сите се трогнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


