| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се самозапалил, повредени жена му и децата

Десет минути по полноќ 37-годишниот Т.Г. од скопското село Инџиково се полеал со бензин и се самозапалил, а пламенот потоа се проширил и предизвикал пожар, во кој биле повредени жена му и двете деца, пренесува „Плус инфо“

policija

Според првичните сознанија, на трагедијата ѝ претходела караница меѓу Т.Г. и неговата сопруга.

Потоа излегол на терасата, се полеал со бензин и се самозапалил.

-Бензинот потекол кон собата, по што огнот ја зафатил и неа. Од пожарот изгореници на долниот дел од телото добиле жената и двете деца – едното 15-годишно, а другото две години помало. Повердените се префрлени во болницата „8 Септември“ во Скопје, пишува порталот.

Нема информации во каква состојба е 37-годишниот маж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top