| четврток, 6 декември 2018 |

Заштита од кражба – вредните предмети во струшкиот музеј во бакарни сефови

struga-2ok

Скапоцените експонати од колекцијата на Струшкиот музеј веќе со години се чуваат во банкарски сефови, вели Сашо Цветковски, директор на Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Тој вели дека поучени од лошото искуство пред 20 години, кога се случила кражба во музејот, се решиле да не ризикуваат, па предметите ги депонирале во сефови во банка. Имено, во музејот има археолошко одделение, но нема галериски простор.

Цветковски објаснува дека освен природонаучната збирка, други предмети не се изложени во Музејот бидејќи нема адекватен простор каде што би се презентирале, додавајќи дека последна ревизија на сефовите правеле во јануари, годинава.

Извор: Порта

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top