| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС на „Фејсбук“ се обидува да продаде скапоцени артефакти

„Фејсбук“ минатата година затвори неколку странци кои продаваа археолошки предмети од непроценлива вредност кои се украдени од страна на припадниците на ИСИС.

150612033.1_mn

Терористичката организација наводно ги користи социјалните мрежи во обид да заработи пари продавајќи ретки артефкати кои ги уркале во освојувачкиот поход низ Блискиот исток.

Меѓу предметите кои се нудат на страниците се златни статуи со натписи на хебрејски и арменски јазик, глинени табли и дрвени кованици за кои се верува дека се украдени во Сирија.

150612033.2_mn

„Фокс њуз“ извести дека страниците на „фејсбук“ биле на ИСИС, а на компанијата ги пријавил новинар од Вашингтон.

– Не може секогаш одма да идентификуваме дали некои предмети кои се продаваат како украдени, но кога имаме докази, тогаш овие страни ги отстрануваме – изјави портпаролот на „фејсбук“ Мет Стинфилд.

150612033.3_mn

Се претпоставува дека некои од предметите кои ИСИС се обидел да ги продаде вредат повеќе од 100 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top