| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит денес полни 50 години

Една од најуспешните актери на денешницата, Бред Пит, денес полни 50 години. Иако имаше гласини дека за неговиот роденден, Анџелина ќе му подари остров во облик на срце во близина на Њујорк, познатиот музеј „Мадам Тисо“ прв го започна дарувањето. Бред доби нова восочна фигура и тоа со Анџелина.

Како актер, Бред опстојува повеќе од 25 години. Иако досега ниеднаш не добил Оскар, тој уште од почетокот се труди да излезе од шаблонот дека е само убав и згоден, туку упорно се труди да докаже дека навистина има талент.

Тоа и го докажа во повеќе од 60 филмски проекти, но публиката очекува и се надева на уште многу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top